ПО ДЕМБЕЛЕ, ЕНРИКЕ ГО ПРАЌА НА „ЛАДЕЊЕ“ И ДОНАРУМА?
Објавено на: 04.10.2024
Луис Енрике воопшто не е задоволен од настапите на Џиџи Донарума оваа сезона, пренесуваат француските медиуми.
Предводникот на ПСЖ сериозно размислува да го седне капитенот на Италија на клупата за резерви и да им ја даде довербата на Матвеј Сафонов или Арнау Тенас.
Енрике е посебно лут на слабата партија на Донарума против Арсенал во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа дека Сафонов сезонава трипати доби шанса да го брани голот на Светците, сега може добие поголема шанса за позицијата прв голман во редовите на францускиот првак.
Шпанскиот стратег веќе покажа дека неговиот авторитет не треба да се предизвикува, кога го исфрли Усман Дембеле од составот токму за гостувањето во Лондон пред неколку дена, а сега на удар е и италијанскиот чувар на мрежата.