Фудбал

ЧУРЛИНОВ ГИ ФРЛИ ВО ТРАНС НАВИВАЧИТЕ НА ЈАГЈЕЛОНИЈА ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ ВО 90+7 (ВИДЕО)

Дарко Чулинов не можеше да одбере подобар момент за да го постигне дебитантскиот гол во дресот на Јагјелонија, и тоа во првото коло од Конференциската лига.

Македонскиот репрезентативец вчера го нокаутира Копенхаген во седмата минута од судиското надополнување со победничкиот гол за 2-1, по што ги фрли во транс неговиот тренер, соиграчите, како и фановите кои допатуваа до Данска да го поддржат полскиот клуб.

Чурлинов се најде на вистинското место кога топката стигна до него и му се отвори простор да истрча до противничкиот гол, по што искусно ја сметсти топката во долниот агол.