ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ЗА БРЕМЕР, ЈУВЕ БАРА ПОМОШ ОД ШПАНСКИОТ ВЕТЕРАН
Објавено на: 03.10.2024
Јувентус вчера и со играч помалку успеа да слави на тешкото гостување кај Лајцпиг со 3-2, но тимот на Тијаго Мота скапо ја плати цената за победата.
Имено, Бремер се здоби со тешка повреда на коленото и веќе е закажана операција, а се претпоставува дека бразлискиот стопер нема да заигра до крајот на сезоната.
Тоа значи дека Бјанконерите ќе мора да се актвираат на трансфер пазарот, но без големи трошоци. Се разгледуваат опциите од листата на играчи без ангажман, а на врвот е Серхио Рамос.
Иако има 38 години и е без ангажман откако му заврши договорот со Севилја во јуни годинава, Рамос е во одлична физичка форма која ја одржува со постојано вежбање, па нема да биде чудно доколку биде ангажиран од страна на италијанскиот гигант.
Имаше неколку понуди летово, но Рамос ја чекаше вистинската понуда и се чини дека ја дочека. Би играл во една од топ 5 лигите во Европа и во Лигата на шампионите, неговото омилено натпреварување кое го освои петпати со Реал Мадрид.
Имаше прилика да го облече дресот на Јуве уште во 2021 година, но тогаш Рамос се одлучи за ПСЖ каде немаше посакуван успех. Сега пред него е втора шанса да заигра за најтрофејниот калчолигаш.