ЕДНО НОВО ИМЕ ВО СОСТАВОТ НА МИЛЕВСКИ, НО ЗА ЗДРАВКОВСКИ И НАТАМУ НЕМА МЕСТО (ФОТО)
Објавено на: 02.10.2024
Селекторот на сениорскиот национален фудбалски тим на Македонија, Благоја Милевски, го потврди списокот од 25 фудбалери со кои ќе располага за октомврискиот репрезентативец циклус во Лигата на нациите.
Андреј Стојчевски, членот на словачка Жилина е новото име во селекцијата и ќе чека шанса да дебитира во натпреварите против Летонија и Ерменија.
Сепак, по објавата на составот, навивачите се прашуваат зошто и натаму го нема Давор Здравковски во составот, но нивните прашања на социјалните мрежи засега не се одговорени.
Здравковски инаку е првотимец во Мадервел и бил бил одлична опција во средниот ред, особено што веќе го немаме Аријан Адеми на таа позиција.

Македонија на 10 октомври гостува во Рига каде ќе ги одмери силите против Летонија, па на 13 октомври следува второто гостување во Ереван против Ерменија.