Фудбал

ЛУДО СВЕДОШТВО НА ЕВРА: СЕР АЛЕКС СЕ ПЕНЗИОНИРА ПОРАДИ РОНАЛДО И БЕЈЛ

Патрис Евра секогаш има нешто интересно да каже, а овојпат ја шокираше јавноста откако ги откри причините поради кои Сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година.

Како што објаснува Евра, Фергусон речиси успеал да го врати Кристијано Роналдо во Јунајтед во 2013 година, само четири години откако потпиша за Реал Мадрид, а исто така го договарал трансферот на Герет Бејл, кој уште беше во Тотенхем. Сепак, управата на Манчестер не му ги исполниле желбите на Фергусон, по што најтрофејниот менаџер на Црвените ѓаволи одлучичл да стави крај на тренерската кариера.

„Пензионирањето на Фергусон многу ме погоди, особено поради разговорот што го имав со него две недели пред да замине во пензија. Ме викна во канцеларијата и ми кажа дека збоуваат глупости дека ќе се пензионирал, планот му беше да освои уште трофеи во Лигата на шампионите. Ми откри дека 99% е договорено Кристијано да се врати во клубот, а за да ги доведе со Бејл во пакет, му биле потребни 200 милиони фунти. Сепак, раководството не му ги овозможи средствата, па така и Сер Алекс одлучи да се повлече“, откри Евра како гостин во поткастот на Џон Оби Микел.

Сето ова се случувало пред крајот на сезоната 2012/13, во која Јунајтед ја освои последната титула во Премиер лигата со Фергусон.