МБАПЕ СЕПАК ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ЛИЛ?
Објавено на: 01.10.2024
Килијан Мбапе магично закрепна и има шанси утре да добие минутажа во дуелот против Лил, од второто коло во Лигата на шампионите.
Повредата на бутниот мускул по сите изгледи не е толку сериозна како што се претпоставуваше и му се предвидуваше пауза од неколку недели, Французинот успеа некако побрзо да се рехабилитира и да му се стави на располагање на Анчелоти.
Стручниот штаб заедно со медицинскиот тим ќе одлучат дали ќе му дадат зелено светло на Мбапе за утре да биде во конкуренција за настап.