ШОК ЗА ДЕШАМП: ГРИЗМАН Ѝ КАЖА „AU REVOIR“ НА ФРАНЦИЈА
Објавено на: 30.09.2024
Антоан Гризман на 33 години донесе помалку изненадувачка одлука, да се повлече од репрезентативниот фудбал.
Sвездата на Атлетико Мадрид се повлекува од репрезентацијата на Франција како трет играч со најмногу настапи во историјата на Триколорите, заедно со Оливие Жиру имаат по 137 натпревари, но и како четврти најдобар стрелец со 44 гола, зад Мбапе, Анри и Жиру.
Ова е доста голем шок за селекторот Дидие Дешамп, кој секогаш сметаше на Гризман во изминатава деценија. Токму Дешамп му овозможи на Гриезман да дебитира за Франција во март 2014 година, во пријателски дуел против Холандија.
Гриезман со Триколорите освои два трофеи, Мундијалот во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година, додека играше финале на ЕП во 2016, како и финале на СП 2022 година.
Откако Франција го загуби финалето од Аргентина во Катар, Гризман е петти фудбалер кој се повлекува од репрезнтацијата, по Уго Љорис, Карим Бензема, Рафаел Варан и Оливие Жиру.