Фудбал

КАКВО ГОЛМАНИШТЕ ИМА КПР (ВИДЕО)

Тимот на КПР викендов загуби на гостувањето кај Блекбурн со 2-0, меѓутоа голманот на гостите Пол Нарди, имаше настап за паметење.

Во еден напад на домаќините, Нарди успеа четирипати да одбрани и да не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Одлично интервенираше при првиот удар од далечина, а потоа ги спречи и ударите од одбиената топка, по што присутните на стадионот останаа во неверување, а најмногу се чудеа играчите на Блекбурн.