Фудбал

МАРИО СТАНУВА БАЛОТЕЛОВ?

Бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија е во преговори со Марио Балотели околу сензационален ангажман на поранешниот италијански репрезентативец.

Популарниот „Супер Марио“ цело лето не успеа да најде нов ангажман откако му заврши соработката со Адана Демирспор, откако му пропадна обидот да заигра за калчолигаш.

ЦСКА Софија сака да ја искористи таа прилика и да го реализира можеби најголемиот трансфер во бугарскиот фудбал, со тоа што Балотели би потпишал договор до крајот на тековната сезона.