Фудбал

ГРИЛИШ СЕ ОГЛАСИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ПЕНАЛИТЕ

Откако Рој Кин прокоментира дека доколку бил на местото на Грилиш или Стерлинг не би им дозволил на Рашфорд, Санчо или Сака да шутира пенал, јавноста во Англија се огласи на шпекулациите дека токму Грилиш не сакал да шутира пенал во финалето против Италија.

На таквите шпекулации им се обрати токму Џек Грилиш на неговиот профил на Твитер.

Јас реков дека сакам да шутирам пенал!!! Селекторот имаше многу добри одлуки во текот на првенството, како и вчера. Но не сакам луѓето да мислат дека не сум сакал да изведам пенал, кога навистина тоа го сакав.

Дебатата во Англија за тоа кој е виновен „што фудбалот не се врати дома“ продолжува и денес.