НАВИВАЧИ ГИ ПРОБИЛЕ БАРИЕРИТЕ НА ВЕМБЛИ
Објавено на: 12.07.2021
Одреден број фудбалски фанови без билети успеал да влезе на финалето меѓу Англија и Италија, откако публиката пред влезовите почнала да прави голема турканица. Оние без билети, успеале да се пробијат на трибините заедно со толпата.

Стјуардите се обиделе да ги спречат, но не успеале, а подоцна се обиделе да ги лоцираат сите без билети, по трибините на Вембли. Сите тие луѓе се срам за англискиот фудбал, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Англија.