Фудбал

ЗАБОРАВИВМЕ ДЕКА УШТЕ ИГРА ФУДБАЛ: ЕНДИ КЕРОЛ СТАНА ЖИРОНДИНЕЦ

Од трансфери што тешко дека би се случиле и на видео-игра, го издвојуваме ангажманот на Енди Керол во Бордо.

Екснапаѓачот на Ливерпул денес официјално стана Жирондинец и во тековната сезона ќе игра за францускиот четвртолигаш.

Ангажманот на Керол претставува голем трансфер за Бордо со оглед на тоа дека пред извесно време клубот објави банкрот и ги распушти сите играчи кои беа под договор до тој период.

Иако во текот на целата кариера го следат повреди, Керол и на 35 години е решен да биде од значај секаде каде што игра, па сега главна мисија ќе му биде да му помогне на Бордо во враќањето кон елитата во Франција.