Фудбал

ГО ГАЃАА СО ЛИМЕНКА ПИВО, ЈА ФАТИ И ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ПРОВОЦИРА (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Бирмингем и Врексам се одвиваше токму според очекувањата, со многу препукувања и провокации од страна на домашните навивачи кон одредени фудбалери на гостинскиот тим.

Бирмингем славеше со 3-1, но и покрај позитивниот резултат навивачите не ја испуштија приликата да го провоцираат и вреѓаат Џејмс Меклин, кој претходно го навлече гневот со провокациски коментари.

Кога Меклин излезе од игра, се движеше блиску до трибините каде беа навивачите на Бирмингем, кога во еден момент му дофрлија лименка со пиво, а овој рефлексно ја фати со рацете.