Фудбал

НИТУ РЕАЛ, НИТУ СИТИ… ЈОРГАНЏИИТЕ ИМААТ НАЈДОЛГА НИЗА БЕЗ ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Атлетико Мадрид на крилјата на новите засилувања, Галагер и Алварес, ја потопи Валенсија за одржување на најдолгата низа без пораз на домашен терен во топ 5 лигите во Европа.

Вклучувајќи ги и дуелите на „Метрополитано“ од ланската сезона, Јорганџиите имаат најдолга низа без пораз пред своите навивачи – 30 натпревари од кои 25 се победи и само 5 ремија.

Пред нив ќе беше Ливерпул со 31 меч без пораз дома, но Црвените на Арне Слот во саботата беа шокирани на „Енфилд“ со минимални 0-1 од Нотингем форест.

Атлетико по 5 кола во Ла Лига има 11 бода, исто колку Вилјареал и градскиот ривал Реал, па се поставува прашањето дали со ваква форма пред домашната публика тимот на Диего Симеоне може да освои некој трофеј сезонава?