Фудбал

МОЖЕ ЛИ МЕСИ ДА НАПРАВИ НЕКОЛКУ НЕШТА, СО ПОБЕДА НА КОПА?

Аргентинскиот бисер е меѓу најдобрите фудбалери кои некогаш ја тркалале бубамарата по зелените терени. Да се каже дека е најдобар е неблагодарно, затоа што секој голем фудбалер е најдобар во неговата ера, а сите ери се различни од многу аспекти.

Затоа се тука титулите и признанијата, кои се некакво мерило за величината на фудбалските ѕвезди. Ако е неблагодарно да се каже воопшто, тогаш дали со победа на Копа Америка, Меси може да се истакне на врвот како најдобар во неговото време?

Во дебатата за најголем фудбалер на едно време, или популарната GOAT дебата, би ги земале в предвид само големите награди. Споредбата е меѓу Меси и Роналдо, затоа што никој друг последниве две децении, не се издвојува како овие двајца расни стрелци и виртуози.

Меси има 6 златни топки, Кристијано Роналдо има 5 – разликата не е голема. Меси има 4 титули во ЛШ, Роналдо има 4 со Реал и една со Манчестер Јунајтед – повторно нема солидна дистинкција. Титулите во националните натпреварувања и наградите за најдобар стрелец и број на постигнати голови во кариерата, повторно не ни даваат неккава јасна разлика.

Роналдо има континентална титула со репрезентацијата, Меси нема. Финалето на Копа Америка против Бразил е моментот на вистината за Меси, но и за гаучосите, кои немаат победа 28 години. Дали со овој трофеј во витрините, асот на Барса, освен што би ја врати Аргентина во височините, ќе може да каже и – ДА, јас сум тој?