Кошарка

СУДИЈА, ПАЗИ СЕ: „ЖЕШКАТА ГЛАВА“ ХЕЗОЊА ЗАБОРАВИ ДЕКА Е ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ (ВИДЕО)

Марио Хезоња, кошаркарот на Реал Мадрид, ќе направеше инцидент да не го спречеа неговите соиграчи кога тргна физички да се пресметува со судијата среде натпревар.

Кралевите играа контролен натпревар против Монако, кога при еден напад Хезоња се побуни за недосуден фаул. Судијата наместо тоа му досуди техничка за приговор, што на Хрватот не му се допадна и агресивно му се приближи на арбитарот, пред Лапровитола да спречи поголем проблем.

Хезоња на крајот беше исклучен и предвреме го заврши натпреварот.