Фудбал

УЕФА ПРАШУВА ЧИЈ ГОЛ Е НАЈУБАВ, НО НИЕ ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ (ВИДЕО)

Енис Барди и неговиот еврогол од слободен удар за водство и победа на Македонија против Ерменија, е во изборот за најубав постигнат погодок во второто коло од Лигата на Нациите.

УЕФА објави видео со сите најдобро постигнати голови, како ножичките на Полсен против Србија, слобо продорот на Бенџамин Шешко, но сепак мајсторијата на Барди има повеќе тежина поради целата ситуција.

Македонија во тие моменти играше со играч помалку поради исклучувањето на Зајков, а златната шанса која Барди ја претвори во ремек-дело од околу 25 метри го отвори патот за нашиот национален тим кон важни три бода.