Фудбал

КОЈ ФРЛИ КЛЕТВА НА РЕАЛ МАДРИД ЗА ПОВРЕДИТЕ?

Карло Анчелоти глава не може да крене од повреди, што додека имаше клупски фудбал, но и сега кога има репрезентативна пауза.

Играчот од средниот ред на кралевите, Арда Ѓулер, се повреди на натпреварот помеѓу Велс и Турција во Лигата на нациите. Тој го напушти теренот, а нивото на загриженост во Реал Мадрид е на високо ниво од стравот да не се повтори сценарио со некоја слична повреда како онаа лани која го одалечи шест месеци претходната сезона од дебито во клубот.

Со оваа повреда на Ѓулер, тој им се придружи на Рудигер, Милитао, Камавинга и Чуамени, кои исто така се повредени. Би било голема штета младиот турски бисер да биде повторно отсутен од теренот, откако Карло Анчелоти почна да му верува и да му доделува што е можно повеќе минути во белиот дрес оваа сезона.

Тој и понатаму е со репрезентацијата и не се враќа во Мадрид порано, а шпански АС денес објави дека со сигурност нема да биде во комбинација за настап против Реал Сосиедад.