Фудбал

ТРЕНЕРИТЕ ВО ШПАНИЈА СЕ ЗАКАНУВААТ СО ШТРАЈК

Карло Анчелоти, Ханси Флик, Диего Симеоне, како и останатите тренери од Ла Лига и втората шпанска лига, одржаа состанок на кој едногласно се согласија да ги преземат работите во свои раце доколку раководството на лигата не им излезе во пресрет.

Тренерскиот собир се одржа поради главната тема, а тоа е исплаќање на отштетите на стратезите кои добиваат откази од шпанските прволигаши и второлигаши. Имено, тие бараат во случај да дојде до предвремен прекин на соработката, клубот да не може да доведе нов предводник сѐ додека не им биде исплатена од претходно договорената сума според договорот. Во спротивно, ќе штрајкуваат

Ваквиот потег е резултат на долговите кои клубовите подолг период не ги исплаќаат на тренерите на кои им го прекинуваат работниот однос. Таков е примерот со Кике Сетјен, кој иако веќе четири години не е во стручниот штаб на Барселона, клубот и натаму му ги нема исплатено четирите милиони евра.