Фудбал

КАКО ПРОДАВАА БАЛКАНСКИТЕ КЛУБОВИ ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК?

Летниот преоден рок во Европа во главно е затворен, со тоа што има одредени лиги каде уште може да се прават трансфери од типот на позајмици и ангажмани без оштета.

Ако се земат во предвид дејствувањата на балканските клубови до 1 септември, се приметува огромна разлика во заработките на најпознатите екипи од овие простори.

Имено, Црвена звезда оствари најголема заработка од дури 26 милиони евра, од кои 15 милиони евра донесоа заминувањата на Ин-Беом Хванг (8 милиони евра во Феенорд) и Осман Букари (7 милиони евра во Остин).

Динамо Загреб можеше да го надмине профитот на Црвено-белите, но хрватскиот првак одлучи да одбие понуди дури од 30 милиони евра за својот талент Мартин Батурина, по покажаниот интерес од Фиорентина и Лидс јунајтед. На крајот, Модрите ова лето заработија само 2,9 милиони евра, додека хрватскиот клуб со најголем остварен профит е Риека, продаваше играчи за вкупно 8.9 милиони евра.

Колку за споредба, од македонските прволигаши најмногу профит оствари Брера Струмица, само 460 илјади евра, од кои 300 илјади се од трансферот на младиот Димитар Трајков кој замина во украински Полисја.

Кај бугарските прволигаши најдобри продавачи се покажаа Левски Софија, вкупно 6,25 милиони евра инкасираа ова лето. Грчки ПАОК инкасира речиси 13 милиони евра, од кои 11,5 милиони се од продажбата на младиот стопер Кулиеракис во Волфсбург. Егнатија е албанскиот прволигаш со најголем профит со 650 илјади евра. Будуќност е единствениот клуб цо Црна Гора кој продаваше, заработи 2,35 милиони евра.

*Сите податоци се преземени од transfermarkt.com