ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК ДЕСЕТКУВАН ЗА ЦИКЛУСОТ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ
Објавено на: 04.09.2024
Англиската фудбалска репрензетација во септемврискиот репрезентативен циклус ќе тргне со нов селектор, односно со привремениот предводник Ли Карсли, кој веднаш се соочи со проблеми.
Имено, уште при првиот собир на актуелниот европски вицепрвак Карсли не ќе може да смета на целиот состав, откако Кол Палмер, Фил Фоден и Оли Воткинс го напуштија тренинг-кампот.
Не станува збор за сериозни повреди, но проблемите беа доволни да се процени дека овие тројца играчи не се во можност да бидат од корист за дуелите против Ирска и Финска, во рамките од Б сегментот во Лигата на нациите.
Гордиот Албион на 7 септември гостува во Даблин во првото коло, додека три дена подоцна ќе ги одмери силите против Финска на „Вембли“.