Фудбал

ЅВЕЗДАТА НА РЕАЛ БАРА ПОДДРШКА ОД СОИГРАЧИТЕ: АКО ПРОДОЛЖАТ СО РАСИСТИЧКИ НАВРЕДИ, ДА ГО НАПУШТИМЕ ТЕРЕНОТ

Винисиус јуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, веќе подолго време е тема на медиумите околу неговата борба со расизмот во фудбалот.

Многу често се случува кога Кралевите гостуваат во лигашки натпревари, Бразилецот да трпи расистички навреди од противничките навивачи, за кои и самиот има придонесено со провокации на теренот. Сепак, Винисиус е одлучен да направи чекор повеќе за да излезе како победник од оваа битка.

„Доколку продолжат со расистички навреди од трибините, јас повеќе нема да трпам, а се надевам дека и соиграчите ќе ме поддржат и да го напуштаме теренот секогаш кога тоа ќе се случи. Сметам дека тоа е добар начин гледачите од трибините да ја платат казната за навредите кон мене“, изјави Винисиус.

Дали навистина ваквиот потег би ги решил проблемите, останува да се види. И во минатото се случувало фудбалери да протестираат со неиграње по трпење на расистички навреди од страна на навивачите, но се чини дека овој меч со две острици може уште повеќе да ги разгневи љубителите на најпопуларниот планератен спорт.