Фудбал

ОСИМЕН НЕМА ДА „ДРЕМЕ“ ДО ЈАНУАРИ, СЕ НАЈДЕ КЛУБ КАКО ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ?!

Виктор Осимен е најголемиот губитник по завршувањето на летниот преоден рок, откако неговиот агент не успеа да договори ниту еден трансфер и покрај двете понуди од Саудиска Арабија и Челси.

Поради тоа, се очекуваше дека нигерискиот голгетер нема да игра фудбал најмалку до јануари, со оглед на тоа дека Наполи го „избриша“ од ростерот. Сепак, се чини дека се најде решение за Осимен да не дреме до зимскиот трансфер прозорец.

Имено, Галатасарај се нуди како привремено решение, односно се работи на можна позајмица до крајот на сезоната со што Осимен би ги бранел боите на актуелниот турски шампион.

Засега нема многу детали, но повеќе медиуми известија дека контактот е воспоставен, па знаејќи дека преодниот рок во Турција уште е отворен, шансите за Осимен да заигра во Истанбул се мошне големи.