РИСОВИТЕ СЕ СОБРАА ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛИТЕ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ (ФОТО)
Објавено на: 02.09.2024
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Боби Милевски, денес ги пречека своите репрезентативци во пресрет на септемврискиот циклус од новото издание на Лигата на нациите.
Македонија на 7 септември ќе ги одмери силите против Фарски Острови на гости, односно против Ерменија на „Тодор Проески“ арената во Скопје на 10 септември, а за двата дуели од сегментот Ц Милевски ќе смета на сите најдобри поединци во нашиот состав.
Оптимизмот владее во нашата репрезентација со оглед на тоа дека противниците ни се по мерка и делумно ни припаѓа фаворитската улога пред сè поради искуството, но и индивидуалниот квалитет.
