КОЈ Е ФАНОТ КОЈ ГО СЛЕДИ НОЛЕ КАДЕ И ДА ИГРА?
Објавено на: 30.08.2024
Новак Ѓоковиќ во второто коло го совлада Ласло Џере кој го предаде натпреварот на крајот, а по завршувањето на првиот сет кога Србинот седна на клупата на пауза, камерите уловија еден интересен момент од фан кој носеше интересна маица со порака „Светот против Ноле“.
Таквиот момент им се виде интересен на американските медиуми, па почнаа да истражуваат кој е човекот, а од истражувањето излезе дека тој цело време патува за да го гледа Новак, сам и носи различни маици. Па така, направија и интервју со него и го прашаа која е приказната зад неговото „следење“ на Ноле.

Станува збор за Зоран Павловиќ, Србин кој се преселил во САД поради операција на аортата во 1976, а потоа и останал да живее преку барата. Според него, целиот свет е против Новак, па затоа тој подготвува вакви маички кои освен него, му се интересни и на српскиот ас бидејќи редовно му се потпишува.
Направив интересна маичка која му се допадна на Ноле бидејќи ми ја потпиша на крајот од натпреварот. Направив слични и во Австралија, бидејќи целиот свет беше против него.
Зоран Павловиќ не е непознато лице за Новак, кој изјави дека го познава, a неговиот супер-фан по завршувањето на натпреварот беше уловен како носи нова маица со нова порака, овој пат алудирајќи дека Ѓоковиќ е најголемиот во овој спорт, покрај Меси во фудбал и Џордан во кошарка:
Сум го видел неколку пати и секогаш доаѓа сам, а носи различни маици на секој натпревар, изјави Ноле.

Павловиќ додаде дека потрошил многу пари на патувања за да го следи Новак каде игра, но дека воопшто не жали за тоа. Сепак, дамка според американските медиуми бил неговата посета во Мелбурн 2023, кога бил исфрлен од Артур Еш бидејќи носел маица со ознаката Z – која ја носат руските војски во Украина.
Познаваш поголем фан на Ноле од Зоран Павловиќ? Тагни го во коментарите на нашите социјални медиуми.