Фудбал

СЕ ЗАСИТИ ОД БАВАРИЈА, САКА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ НА ОСТРОВОТ

Кингсли Коман се надева дека ќе го напушти Баерн Минхен во последните денови од преодниот рок, откако изрази желба за промена на средината по речиси една деценија во дресот на германскиот гигант.

Францускиот крилен офанзивец посакува да се проба во Премиер лигата како единствената од топ 5 лигите во Европа во кои уште нема заиграно. Наводно, Ливепул и Арсенал се опциите за Коман, но засега неговата висока плата претставува проблем, па ќе мора да ги намали финансиските очекувања доколку сака да го оствари трансферот.

Ливерпул е во потрага по засилување токму на крилните позиции, но моментално Црвените се фокусирани на Федерико Кјеза, но ако Италијанецот ја одбере Барселона, тогаш Коман ќе биде алтернативата.

Што се однесува до Арсенал, Артета не може да потрпе на често повредениот Габриел Жезус, па Коман делува како добра опција кој би донел квалитет и искуство во редовите на англискиот вицепрвак.

Финишот на летниот преоден рок ќе го донесе крајниот епилог за иднината на Коман.