Фудбал

ВАЛЕНСИЈА ГО ПРОДАДЕ МАМАРДАШВИЛИ, НО ТОА НЕ СЕ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СТОЛЕ

Гиорги Мамардашвили, грузискиот голман на Валенсија, и дефинитивно ќе биде првото летно засилување на Ливерпул.

Црвените се договорија на сума од 30 милиони ева, плус 5 милиони евра во бонуси, а Мамардашвили наскоро ќе стави потпис на шестгодишен договор. Сепак, Грузиецот на „Енфилд“ ќе се појави дури идната сезона 2025/26, со оглед на тоа дека останува на позајмица на „Местаља“, нешто што не оди во прилог за нашиот Столе Димитриевски.

Валенсија му гарантираше место во првите 11 за репрезентативецот на Македонија штом се оствари продажбата на Мамардашвили, но неговото останување оваа сезона ги поремети плановите, па сега Столе има опција да биде продаден бидејќи има 3 милиони евра клаузула во договорот.

Доколку не замине перманентно или на позајмица, Димитриевски веројатно ќе биде втор голман на Валенсија, освен доколку Македонецот не се истакне на тренинг и се избори за место меѓу диреците.