СИНЕР ЌЕ ИГРА НА УС ОПЕН, НО МОЖЕ ДА БИДЕ ДИСКВАЛИФИКУВАН ВО ТЕКОТ НА ГРЕНСЛЕМОТ
Објавено на: 23.08.2024
Јаник Синер како прв носител ќе настапи на УС Опен, но има шанси да биде дисквалификуван во текот на американскиот гренслем.
Наводно, од светската Антидопинг агенција не се задоволни од изречената казна од страна на АТП до италијанскиот тенисер. Одземени му беа 400 бода и треба да врати 300 илјади долари кои ги заработи од настапот на Индијан велс.
ВАДА има време до 6 септември да поднесе жалба за казната на Синер да биде поригорозна, со оглед на тоа дека веќе се работи на случајот и се собираат документи кои ќе важат како докази за да се докаже дека првиот светски рекет се допингувал со помош на кремата која користел за надворешни рани.
Со оглед на тоа дека гренслемот во Њујорк трае од понеделник до 8 септември, доколку се донесе одлука за нова казна за Синер, ќе мора да го напушти турнирот.