Фудбал

ЗА АТАК НА ТИТУЛАТА: АРСЕНАЛ СО 100 МИЛИОНИ ЕВРА ГО „КРАДЕ“ ОСИМЕН ОД ГРАДСКИОТ РИВАЛ?

Арсенал и оваа сезона влезе како втор фаворит за титулата во Премиер лигата, но доколку Топчиите сакаат да успејат да го отстранат Манчестер сити од тронот, потребен им е расен голгетер. Во таа насока, Артета скрои план во финишот од летниот преоден рок со кој Арсенал би делувал страшно, а воедно би нанел штета на градскиот ривал.

Имено, англискиот вицепрвак повторно покажа интерес за Виктор Осимен, кој деновиве го очекува својот трансфер во Челси, но Топчиите наводно ги известиле челниците на Наполи дека ќе платат 100 милиони евра за нигерскиот напаѓач. Отприлика тоа е сумата која Наполи ја бара за својата ѕвезда, додека Челси нуди пакет од пари и двајца играчи, од кои еден е Ромелу Лукаку, желбата на Антонио Конте.

Доколку се случи ваков пресврт и Осимен заврши на „Емирати“ наместо во западниот дел од Лондон, Премиер лигата многу веројатно може да добие нов шампион. Во меѓувреме се работи и на транфер на Микел Мерино од Сосиедад, но дефинитивно приоритет на Артета е центарфор од светска класа.