НАЈГОЛЕМИОТ СТАДИОН ЗА СП 2030 ЌЕ ИМА ДУРИ 115.000 СЕДИШТА?
Објавено на: 22.08.2024
Шпанија, Португалија и Мароко како домаќини за Светското првенство во 2030 година уште сега се подготвуваат да го пречекаат фудбалскиот свет.
Фактот што овие земји ќе бидат домаќини, беше дел од причините за „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп ноу“ да се реновираат, но сепак овие два култни стадиони нема да бидат со најголем капацитет за време на јубилејниот Мундијал.
Имено, во Касабланка, Мароко, почната е изградбата на „Хасан II“, што ќе биде најголем стадион со дури 115.000 седишта.

Ова арихектонско ремек-дело се гради северно од Касабланка на периферија, ќе зафати дури 100 хектари површина, а дијзанот го подготви „Пополус“, фирмата која е задолжена за проектирање на новиот „Олд трафорд“.
Инаку, дел од натпреварите на Мундијалот 2030 ќе се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај поради 100-годишнината од првиот Мундијал.
