ЈАНИК СИНЕР ПОЗИТИВЕН НА ДОПИНГ, АМА ПРОГЛЕДАНО МУ Е НИЗ ПРСТИ?
Објавено на: 20.08.2024
Светскиот рекет број 1, Јаник Синер два пати оваа сезона бил позитивен на допинг тест и тоа во март оваа година, додека траеше мастерсот во Индијан Велс.
Голем скандал го тресе тенискиот свет, откако се обзнани дека најдобриот тенисер не еднаш, туку два пати паднал на допинг тест, но ИТИА навела дека тој не сноси одговорност, бидејќи во двата случаји неговата жалба е прифатена.
Освојувачот на мастерсот во Синсинати кој заврши утрово, се бранел од позитивните тестови со изговор дека еден од членовите на неговиот тим користел спреј за рани, кој во себе содржел клостебол, хормон кој е забранет и сместен во позитивната допинг листа, а има за фунцкија зголемување на мускулната маса.
Во негова корист одел и фактот што тој цело време соработувал со анти-допинг агенцијата, а количеството на оваа состојка е во мали дози. Сепак, тој нема да помине неказнето и ќе му бидат одземени 400 бода од АТП ранг листата, што секако нема да му променат во ранкингот, а дополнително ќе треба и да плати 300.000 евра, сума која е еквивалент на сумата освоена во Калифорнија на Индијан Велс, за пласман во најдобрите 4.