БАЛКАНЦИТЕ ФАВОРИТИ ЗА МВП ВО НБА, НО ЈОКИЌ НЕ Е ПРВ
Објавено на: 21.08.2024
Има време до стартот на новата сезона во НБА лигата во која Бостон селтикс ќе ја бранат титулата, а американскиот медиум „ЕСПН“ ги истакна кандидатите за титулата најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
Трикраниот МВП и актуелен носител на таа титула е Никола Јокиќ, кој според овој медиум е втор фаворит за повторно да биде прогласен за најдобар. На првото место е суперѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, што значи дека ова балканско дуо ќе ја предводи лигата во новата сезона.
Како трет фаворит истакнат е Шеј Гилџус-Александер, канадскиот бек од Оклахома сити тандер.