Фудбал

МОМЕНТОТ ОД НАПАДОТ ВРЗ ТАТКОТО НА ЈАМАЛ (ВИДЕО)

Како бомба одекна веста дека таткото на Ламин Јамал е прободен со нож во Шпанија вчера вечер, а шпанската полиција ги собира сите докази за да го најде сторителот.

Мунир Насрауи, во градот Матаро бил прободен со нож, пренесен во болница, а според последните информации повеќе не се наоѓа во животна опасност.

На социјалните мрежи се појавија снимки од нападот, а за оние кои не сакаат да гледаат вакви случки препорачуваме да го прескокнат.

Од видеото може да се види дека претходело расправија помеѓу повеќе лица, а за причините очекуваме наскоро да се дознае. Му посакуваме брзо закрепнување.