ТРАНСФЕРОТ НА ОЛМО МОЖЕ ДА НЕ СЕ РЕАЛИЗИРА?
Објавено на: 12.08.2024
Дани Олмо го реализираше својот детски сон и се врати онаму од каде што започна неговата фудбалска кариера. Сепак, иако неговото име се најде помеѓу играчите на Барселона предвидени за оваа сезона, шпанското радио „Кадена Сер“ објави загрижувачки вести за неговиот камбек во Каталонија.
„Барселона не може да го регистрира Дано Олмо и не е јасно кога ќе биде можно да го направи тоа“, пренесе радио станицата.

Cadena SER: Barça upiera się, że jest już w stanie pozyskać Nico Williamsa; RB Lipsk odrzuca kolejną ofertę za Olmohttps://t.co/2TGKyJ0xF5
— FCBarca.com (@FCBarcacom) August 2, 2024
Според нив, финансиските проблеми се пречка за регистрација на Олмо, а за да се случи тоа, тие треба прво да продадат неколку играчи. Пред се, Виктор Роке, кој дојде на Камп Ноу во трансфер вреден 30 милиони евра без бонуси, но Бразилецот не се снајде баш најдобро. Освен него, играч кој мора да си замине за да се ослободи место за играчот од средниот ред на шпанскат репрезентација е и Клемонт Ленгле, кој има плата од речиси 16 милиони евра.
На тој начин, тие ќе ослободат простор за ангажман на нови и играчи, но шпанските медиуми не отпишуваат и можност за трансфер на некој од големите ѕвезди, како Френки Де Јонг, Араухо или Рафиња, иако Лапорта неколку пати најави дека костурот ќе остане ист.
Барселона во сабота започнува со новата сезона во Ла Лига, во дуел против Валенсија.