СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРОТИВ АРБИТРАЖАТА: СЛЕДЕН ПАТ КАЖЕТЕ НИ КОГО НЕ СМЕЕМЕ ДА ПОБЕДИМЕ
Објавено на: 09.08.2024
Претседателот Александар Вучиќ, не се воздржи да го каже своето мислење околу арбитражата од вчерашниот кошаркарски спектакл меѓу САД и Србија.
Орлите иако водеа повеќе од 36 минути во мечот, на крај загубија при конечни 91:95, по што веднаш се крена врева околу судиските одлуки на арбитражната тројка.
Еден од тие дискутабилни моменти беа поените на Џоел Ембид, кога во налет не го тропна баскетот пред да ја крене стојната нога, сод клупата на Србија бараа чекори, но наместо тоа селекторот Пешиќ заработи техничка грешка.
„Во која земја ова не е чекори? П.С. Следен пат предвеме кажете ни кого не смееме да победиме“, напиша Вучиќ на објавата со видео-снимка од моментот кога Ембид прави чекор повеќе од дозволеното според правилата на ФИБА.
У којој земљи ово нису кораци?
П.С. Следећи пут нам унапред кажите кога не смемо да победимо. pic.twitter.com/7ssnZ34p6b
— Александар Вучић (@predsednikrs) August 9, 2024