СТОПЕРОТ НА БАЕРН ПОД ИСТРАГА, СЕ УДРИЛ ВО ПАРКИРАН АВТОМОБИЛ И ИЗБЕГАЛ
Објавено на: 09.08.2024
Како што пренесуваат германските медиуми, фудбалерот на Баерн Минхен, Матајс Де Лихт, е под истрага по сомнеж дека направил инцидент со својот автомобил и избегал од местото на случајот.
Наводно, холандскиот дефанзивец со своето возило удрил во паркиран автомобил во близина на тренинг-центарот на Баварците, па наместо да пријави на надлежните органи и да го побара сопственикот на оштетениот автомобил, Де Лихт одлучил да избега.
Полицијата во меѓувреме покрена случај и воспостави контакт со клубот околу разрешување на случајот, меѓутоа од таборот на Баерн засега нема комента.