Фудбал

НИШТО НЕ Е ЗАГУБЕНО, МИЛЈАНА ИМА ШАНСИ ЗА МЕДАЛ!

Македонската теквондистка Милјана Релјиќ, и покрај поразот од Летиција Ајун во четвртфиналето на турнирот во Париз, има шанса да се бори за бронзен медал.

Нашата претставничка по сензационалниот триумф над Џејд Џонс во првото коло, се соочи со Либанката Ајун, која водството од 1-0 по првата рунда го одбрани по нерешени 6:6 во втората рунда. Овој пораз, сепак, не е крај за Релјиќ.

Доколку Ајун триумфира во полуфиналето, Милјана преку репасажот може да добие шанса да се бори за бронзениот медал и да биде втората македонска спортистка по Дејан Георгиевски со освоен олимписки медал во теквондо.