Фудбал

КЈЕЗА ПОНУДЕН И НА МИЛАН, НО…

Федерико Кјеза повеќе нема иднина во Јувентус, тоа му беше јасно веднаш по назначувањето на Тијаго Мота за нов тренер на екипата. Неговиот агент, Фали Рамадани, деноноќно работи да му најде нов клуб, но засега нема напредок.

Поради пристапната цена од околу 20 милиони евра, Кјеза беше понуден на Милан и да го облече црвено-црниот дрес, но Рамадани доби експресно негативен одговор поради високата плата на крилниот фудбалр.

Нето платата од 6 милиони евра годишно е сума која Милан не сака да ја издвојува со цел да не се наруши хиерархијата во соблекувалната. Од истите причини и Рома се откажа, Тотенхем и Челси не потегнаа конкретни потези за трансфер, ниту позајмица, па така Кјеза има сѐ помалку опции, освен шпекулациите дека Интер може да ги дозволи неговите услуги.