ПЕП ИМА ТАКТИКА И ЗА ТРАНСФЕРИ: ГО ПУШТИ АРГЕНТИНЕЦОТ ВО АТЛЕТИКО, ЗА ДА ПАЗАРИ БРАЗИЛЕЦ ОД РЕАЛ?
Објавено на: 07.08.2024
Манчестер сити оствари рекордна продажба во ерата на арапските сопственици, со заминувањето на Хулијан Алварес во Атлетико Мадрид за вкупна сума од 95 милиони евра.
Аргентинскиот офанзивец од повеќе причини, како потопла средина, поголема минутажа и позначајна улога во тимот, одлучи да го напушти англискиот првак со кој освои сѐ што можеше да се освои во две сезони.
Сепак, има има нешто повеќе отколку само желбата на Алварес да замине од Манчестер, наводно е тактички потег на Пеп Гвардиола за да собере средства, но и да ослободи простор во составот за си го исполни засилувањето од сонишатата.
Имено, Гвардиола го свртел своето внимание кон градскиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид, поточно кон бразилскиот крилен напаѓач Родриго Гоес. Предводникот на Сити смета дека Родриго би бил идеално освежување на неговата екипа, но во оваа ситуација не би можел да го убеди да го напушти Реал само со богат договор.
Пеп се надева дека Родриго ќе реагира позитивно на покажаниот интерес од страна на Граѓаните и ќе побара да замине од Мадрид поради зголемената конкуренција за место во првиот тим по доаѓањето на Мбапе.
Ако се земе во предвид дека Родриго неколкупати изјави дека не планира да ја напушти шпанската престолнина, сценариото погоре е речиси невозможно да се случи, но се остава простор за изненадување и премислување…