ГО КУПУВА КЛУБОТ ЗА ДА ЈА ОТПУШТИ УПРАВАТА ПОРАДИ НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕТМАН
Објавено на: 05.08.2024
Мартин Брејтвајт стигна до насловните страни на светските спортски медиуми поради неговата намера да откупи поголем дел од акциите на Еспањол, клубот со кој се раздели по крајот на минатата сезона откако му истече договорот.
Планот на Брејтвајт е да го ослободи клубот од раководството и кинескиот бизнисмен Чен Јаншенг, кој го поседува Еспањол. Имено, управата не му дозволи на искусниот дански напаѓач да замине од клубот пред почетокот на минатата сезона, а наместо трансфер му подметнаа договор кој според заработка и статус во екипата, бил навредлив за ексфудбалерот на Барселона.
Брејтвајт воедно има и поддршка од фан-базата за да ја оствари својата цел, е незадоволството на навивачите кон управата за лошото менаџирање, што резултираше со две испаѓања од Ла Лига во изминатите три сезони. На финансиски план, Брејтвајт има доволно средства со оглед на тоа дека неговата инвестиција во недвижни во САД му донесе профит од 287 милиони долари.
Брејтвајт инаку во сезоната 2024/25 ќе игра за бразилскиот клуб Гремио.