Фудбал

ЏУД ВО УЛОГА НА АГЕНТ – ГО УБЕДУВА СОНАРОДНИКОТ ДА ДОЈДЕ ВО РЕАЛ? (ВИДЕО)

Реал Мадрид по ангажманот на Килијан Мбапе се насочи кон освежување на одбранбената линија.

Лени Јоро како централно дефанзивцна опција им избега, се одлучи за Манчестер јунајтед, па сега Перес и неговите соработници се во потрага по друг централен стопер, а во меѓувреме се бара наследник на Дани Карвахал. Искусниот шпански бек влезе во последната година од договорот, па клубот нормално бара долгорочно решение.

Скаутинг тимот веќе го одреди Трент Александер-Арнолд како идеално решение на десната бековска позиција, кој исто така има уште една година од договорот со Ливерпул и наводно е отворен кон промена на средината и нов клуб, со оглед на тоа дека го бара Реал Мадрид, моменталниот европски првак.

За шпекулациите да се загреат уште повеќе, Трент е виден во друштво на Џуд Белингем, како двајцата одат на вечера, а медумите целата ситуација ја протолкуваа како Џуд да е агент и да лобира за неговиот клуб.

Двајцата англиски репрезентативци се блиски пријатели и не е изненадување што често се заедно во јавност, а дали се работи за обична дружба или има нешто повеќе во оваа приказна, останува да се види…