Фудбал

БАРСА СОБРА ПАРИ ЗА НИКО ВИЛИЈАМС ПРЕКУ ДОНАЦИИ ОД ФАНОВИТЕ?

Дали е шега или не, е сосема неважно бидејќи фановите на Барселона поминаа граници кои не бевме воопшто ни свесни.

На социјалната мрежа „Тик-Ток“ како и на „Ју-Туб“ , фановите на Барселона отпочнаа донации кои наводно ќе ги проследат до клубот со цел да помогнат во собирањето средства за да се плати трансферот на Нико Вилијамс вреден 58 милиони евра.

Инаку, пред неколку часа се зголемија шпекулациите дека младата ѕвезда на Билбао ќе ја реализира преселбата на „Камп ноу“ ова лето.