Фудбал

МАЛЕР НА ГОДИНАТА: ПРВО ПРОМАШИ ПЕНАЛ ПА ДАДЕ ГОЛ ОД ОДБИЕНА, НО СУДИЈАТА ПРЕД ТОА СВИРЕШЕ КРАЈ (ВИДЕО)

Џо Абриго од чилеанскиот клуб Палестино си ја доби титулата за малер на годината, откако не успеа да донесе победа за неговиот тим во последните секунди од 1/16 финалниот дуел против Кујаба во Копа Судамерикана.

Домашниот фудбалер шутираше пенал во седмата минута од судиското надополнување, но противничкиот голман му го одбрани ударот, а топката се врати кај Абриго. Во моментот кога тргна да ја искористи одбиената топка и ја затресе мрежата, судијата свиреше крај, па така погодок не важеше.