Фудбал

НАД 90 ИЛЈАДИ МАДРИДИСТИ МУ ПОСАКАА ДОБРЕДОЈДЕ НА МБАПЕ (ВИДЕО)

Реал Мадрид на спектакуларен начин го претстави својот нов Галактико, Килијан Мбапе, пред повеќе од 90 илјади гледачи на „Сантијаго Бернабеу“.

Новата 9-ка на Кралевите е претставен како најголемата ѕвезда по Кристијано Роналдо кој го облака белиот дрес, со најава дека Реал ќе доминира во фудбалот и во наредните години.

На веќе супер-тимот кој Анчелоти го има на располагање, додаден е и Мбапе за комплетирање на мозаикот.

„Прво, една порака до сите деца кои гледаат во моментов. Јас бев како вас, сонував исто како и вие. Мојот сон денес се оствари, следен пат и вие може да се најдете на ова место“, истакна Мбапе, а потоа продолжи:

„Голема благодарност до господинот Флоентино Перес, кој имаше доверба во мене уште од првиот ден. Ми овозможи да заиграм за мојот клуб од соништата“.

Традиционално, Мбапе својот говор го заврши заедно со публиката, одбројуваше до три и на цел глас викна „Хала Мадрид“, доста слично како што го направи неговиот идол Роналдо во летото 2009 година.