Фудбал

РЕАЛ ПОДГОТВУВА СПЕКТАКУЛАРНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МБАПЕ (ВИДЕО)

Точно на пладне Реал Мадрид ќе го претстави Килијан Мбапе како нов Галактико, а „Сантијаго Бернабеу“ е подготвен за спектакл.

Целиот стадион е распродаден, додадени се и дополнителни седишта на теренот во близина на бината каде што Мбапе ќе излезе во белиот дрес за првпат во неговата кариера.

Вакво шоу Кралевите немаат видено од презентацијата на Кристијано Роналдо во летото 2009 година, а се чини дека ќе се урне рекордот на присутност кој беше поставен токму со португалската мегаѕвезда. Се очекуваат околу 100.000 гледачи да го пречекаат Мбапе.