Фудбал

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПОВРЕДЕНИОТ ГЛУЖД НА МЕСИ (ВИДЕО)

Лионел Меси не можеше до крај да го одигра финалето на Копа Америка на кое и без него, Аргентина успеа да ја одбрани титула со голот на Лаутаро Мартинес во 112-тата минута против Колумбија.

Лео го напушти теренот по нешто повеќе од еден час игра, откако претходно го свитка глуждот при маневрирање. Ова беше резултатот на повредата, голем оток.

И покрај тоа што нервозата беше присутна кај Меси додека немоќно седеше и ги гледаше неговите соиграчи како се борат на теренот, Гаучосите не го разочараа и му донесоа уште еден интернационален трофеј.