Фудбал

АНРИ ИМПРЕСИОНИРАН ОД НОВАТА SВЕЗДА НА БАЕРН (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Франција до 23 години се подготвува за претстојниот олимписки турнир на кој Триколорите ќе бидат домаќини во Париз, а се чини дека составот на Тиери Анри делува како разработена машинерија.

Младите Французи славеа со доминантни 7-0 против Доминиканската република, а на средбата блескаше Мајкл Олис, новата ѕвезда на Баерн Минхен.

Крилниот офанзивец запиша хет-трик, а вториот негов гол беше волеј од околу 30 метри при грешка на противничката одбрана. Олис ја искористи шансата која му ја остави голманот и ја затресе празната мрежа доста прецизно, по што Анри беше импресиониран од ударот.