ЕВРО 24

ПОРТОКАЛОВО МОРЕ ВО ДОРТМУНД: НАД 75 ИЛЈАДИ НАВИВАЧИ СЕ ЗАГРЕВААТ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО (ВИДЕО)

Холандските навивачи се вистински хит на Европското првенство и досега се покажаа како едни од највжештените во Германија.

Нивната репрезентација вечерва ќе ги одмери силите со Англија во второто полуфинале во обид да изборат шанса за дуел против Шпанија за европската титула, а Лалињата дефинитивно ќе имаат огромна поддршка.

Во Дортмунд моментално има над 75.000 холандски навивачи кои со нетрпение го чекаат стартот на натпреварот.