Фудбал

БОБИ ФИРМИНО СТАНА СВЕШТЕНИК

Роберто Фирмино, поранешната ѕвезда на Ливепрул, стана свештеник на евангелистичката црква во својот роден град Масејо, во Бразил.

Членот на Aл-Ахли ја соопшти информацијата преку неговите профили на социјалните мрежи, а ќе проповеда во црвквата во која инвестираше да се изгради пред три години.

На негови 32 години, ќе проповеда и ќе ја шири пораката на неговата религија, а напоредно ќе игра и фудбал во Саудиска Арабија.