НИКОЛАС АНЕЛКА СО ПОРАКА ДО МБАПЕ
Објавено на: 05.07.2021
Славниот Француски напаѓач Николас Анелка кој не успеа да се вивне во фудбалските височини поради својот темпераментен карактер со порака до својот сонародник и огромна фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе.
Шпекулациите за негово заминување од француската престолнина се се погласни, а Анелка со порака го мотивира истото да го направи што поскоро како би можел да се натпреварува со најдобрите.
Ако сакаш да бидеш еден од најголемите, треба да се натпреваруваш против најдобрите. А тоа не можеш да го направиш доколку играш за ПСЖ.
Колку за потсетување, Николас Анелка беше исто така во негова позиција, а од ПСЖ замина во Реал Мадрид каде ја освои Лигата на шампионите, без некоја поголема минутажа.